Магазинот „Бука“ од Босна и Херцеговина објави видео против говор на омраза насловено „Хејт Словени, уште сте живи?“. Спотот е дел од кампањата против говор на омраза која „Бука“ ја реализира во изминативе неколку месеци.
-Водечка нишка на кампањата е поздравот „Хеј, Словени“, кој го преименувавме во „Хејт, Словени за целите на нашата приказна, бидејќи омразата, се чини, стана најнормална работа, како „добар ден“ . Преку разговор помеѓу клиенти и работници во супермаркет, видеото покажува колку сме опседнати со говор на омраза, а ние знаеме колку е опасно и какви застрашувачки последици може да има, вели главниот уредник на Бука, Александар Трифуновиќ .
Видеото е дело на загребскиот режисер и писател Предраг Личина, а главни ликови се Северина, Христина Поповиќ и Горан Богдан.