(Видео) Холивудски актер среде Софија изненади уличен свирач

(Видео) Холивудски актер среде Софија изненади уличен свирач

пред 2 години

Популарниот холивудски актер Енди Гарсија деновиве е во Бугарија. При една прошетка низ Софија слушна звуци од саксофонот на уличниот свирач и седна до него.

Мелодијата е многу препознатилива. Станува збор за „Parla piu piano“, од култниот „Кум“ од 1972. Во овој дел не играше Гарсија, но тој беше дел од екипата од третото продолжение на славната трилогија.

Енди Гарсија седна до софискиот уличен свирач и остана до крај за да ја дослуша нумерата, воодушевен од интересната етно интерпретација.

-Додека шетав во центарот на Софија слушнав позната мелодија, па ја свртев камерата. Погледнете до крај за неговото изненадување“, напиша големиот актер.

На крајот од видеото, неговиот асистент, кој е Бугарин, го прашува музичарот дали го познава овој човек. Човекот нема поим, а кога ќе сфати дека до него стои холивудска ѕвезда, удира по челото, станува на нозе и продолжува да свири композиција од „Кум“.

 

Бугарските медиуми откако актерот го објави видеото на својот Инстаграм профил, го побараа свирачот и го прашаа, колку му пари му дал.

-Ми даде 100 лева, и ми стави 10 евра во кутијата, рече свирачот кој со својот саксофон ги забавува минувачите во паркот пред Народниот театар, во центарот на Софија.

Инаку, Енди Гарсија во Софија е за снимањето на „Invincible 4“, каде глуми агент на ЦИА.

Share
Scroll to Top