„Железните пари бабини“ е новата песна на „Балкан бенд“, за која снимија и спот, инспириран од вистинска приказна. Песната ја промовираа неодамна и велат дека не се изненадени од позитивните реакции на публиката, бидејќи дале сè од себе за да ги направат песната и спотот по нивни, ама и по мерак на фановите.
„Нè радуваат коментарите на публиката. Спотот излезе вчера, а не престануваат да ни пристигнуваат пораки. Ни пишаа и наши колеги, кои велат дека се пријатно изненадени“, велат членовите на бендот.
Текстот и музиката за песната ги напиша Горан Јовановски – Топче, а режисер на спотот е Даниел Јовески.
„Видеото е филмска приказна која ги отсликува стиховите кои ја следат самата песна. Многу веруваме во оваа наша нова песна“, велат од „Балкан бенд“.