Колкумбиската пејачка Шакира објави нова песна прва за оваа година, а со фотографија на која е облечена во црн костим кој ги истакнува нејзините облини ги праша нејзините следбеници на Инстаграм дали сите се облекуваат како таа на фотогрфијата за по дома.
Костимот кој го носи е истиот во кој се појавува во видео записот за нејзината нова песна „Te Felicito“ со латино пејачот Раув Алехандро.
Ова е прва песна на Шакира во 2022 гогина, по „Don’t Wait Up“ која ја објави лани. Спотот е симен во Барселона, а Шакира е претставена како танцува со робот.
Последниот албум на Шакира „El Dorado“ беше објавен во 2017 година, на кој се најдоа песните „Chantaje“, „Me Enamoré“, „Perro Fiel“ и „Trap“.