Марија Шерифовиќ на својот последен концерт покани девојка од публиката да и се придружи на сцената и заедно со неа да ја испее песната „Пола сунца“, која пејачката првично ја изведе со Матија Цвек.
Девојката ја воодушеви публиката со своите вокални способности и доби аплаузи и овации.
@slobodanka.ivanov Biggest dream came true🤩♥️ @Marija Šerifovic hvala ti od srca♥️ @matija.cvek #foryou #balkantiktok #musica ♬ Originalton – Slobodanka Ivanov
„Мојот најголем сон се оствари, ти благодарам Марија“, напиша 27-годишната Слободанка покрај видеото од нејзиниот настап на ТикТок. Таа со гласот ја воодушеви и Марија Шерифовиќ, која и порача дека 27 години се идеално време за почеток.
Во меѓувреме, видеото е прегледано над 200.000 пати. „Ова ме наежи“, „Каков глас“, „Честито девојко“, се само дел од коментарите.