(Видео) Шер направи гаф на доделувањето на Греми наградите, заборави да го објави победникот

(Видео) Шер направи гаф на доделувањето на Греми наградите, заборави да го објави победникот

пред 11 часа

Доделувањето на наградите „Греми“ во 2026 година ќе биде запаметено по моментот што стана вирален и ги насмеа публиката и гледачите ширум светот, а во него се најде музичката икона Шер. Додека Академијата објави импресивен список на презентери, меѓу кои Чапел Роан, Тејана Тејлор и Ники Глејзер, изненадувањето на вечерта беше 79-годишната пејачка која требаше да ја додели наградата за албум на годината.

Шер, која еден ден претходно доби Греми за животно дело, се качи на сцената и го започна својот говор на необичен начин. „Не сум многу добра во ова“, рече таа. „Прво сакам да ѝ се заблагодарам на Академијата што ми ја додели оваа награда за животно дело. И добро е што го направија тоа сега, бидејќи имам добри гени, но нема да бидам тука долго.“

Потоа пејачката зборуваше повеќе од две минути за својата шестдецениска кариера и им рече на своите колеги музичари: „Во овој бизнис сум веќе 60 години, но само сакам да ви кажам, никогаш не се откажувајте од вашиот сон, без разлика на што. Живејте го, остварете го тој сон, а ако не се оствари сега, ќе се оствари наскоро.“

После тоа, збунето се погледна наоколу по сцената. „Тоа е сè што имам да кажам. Претпоставувам дека сега треба да одам. Во ред, морам да одам“, заклучи таа и се симна од сцената, заборавајќи дека нејзината главна задача допрва треба да дојде – објавување на номинираните и победникот.

@entertainmenttonight Cher accepted her Lifetime Achievement Award with an uplifting message — then exited the #GRAMMYs stage a bit too early, as she was also supposed to announce the Record of the Year award #cher ♬ original sound – Entertainment Tonight

Додека си заминуваше, водителот Тревор Ноа ја запре. „Шер, пред да одиш, можеш ли да ни ги објавиш номинираните? Можам и јас, но не е исто. Немам такво искуство. Да ја поздравиме Шер назад!“

Враќајќи се кон микрофонот, Шер ги претстави номинираните, а потоа, по драматична пауза, наместо да го отвори пликот, таа само стоеше таму во тишина. Кога конечно ја отвори картичката, го објави победникот како покојниот Лутер Вандрос, кој почина во 2005 година. По смеата од публиката, таа се поправи и објави дека вистинскиот победник е песната „Luther“ на Кендрик Ламар и СЗА, во која се вклучени семплови од музиката на познатиот пејач.

Share
Scroll to Top