(Видео) Шефот на Мексико го продава претседателскиот авион

(Видео) Шефот на Мексико го продава претседателскиот авион

пред 3 години

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, веќе трета година по ред сака да го продаде својот авион. Откако ја презеде  должноста на 1. декември 201 година, претседателот одлучи да го продаде „боингот 787“ затоа што бил многу луксузен, пренесува „Асошиејтед прес“.

Лопез Обрадор за себе вели дека е штедлив човек и се гордее со тоа. Лета само со комерцијални летови и само еднаш има патувано во странство. Тој признава дека тешко му е да го продаде авионот, затоа што бил премногу спеицијализиран и направен по нарачка.

Авионот е купен за 200 милиони долари, а го користел претходниот претседател Енрике Пења Нијето. Тешко е да го продаде затоа што е дизајниран за превоз на само 80 патници и има комплетен претседателски апартман со приватна бања.

Експертите велат дека би било премногу скапо тој да се претвори во типичен патнички авион со 300 патнички места.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top