Српската пејачка Теодора Џехверовиќ изминатиов викенд настапи во една штипска дискотека, каде доживеа една непријатна ситуација откако едно момче од публиката се доближи до публиката и почна да ѝ ја бакнува ногата сред настап. Таа го сподели видеото на социјалните мрежи.
„Внимателно изгледајте го видеото“, напиша таа.
А подоцна на својата стори приказна допиша: „Јас ни сега не знам што да кажам, шокирана сум“.






