Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ во четврфиналето на турнирот во Рим против Оже-Алиасим, на моменти ги изгуби нервите и викаше и навредуваше фановите на трибините.
Во еден момент кога Аласим сервираше, Ѓоковиќ не успеа да го врати топчето во поле и потоа нервозно почна да вика по навивачите во публиката.
„Молчете бе“, им викна Ѓоковиќ, а потоа и ги пцуеше.
За потсетување, Ѓоковиќ во четвртфиналето на турнирот во Рим, против Оже-Аласим, славеше со 2:0 во сетови.