(Видео) Ѓоковиќ и Чифлиганец отворија градинка близу Златибор

(Видео) Ѓоковиќ и Чифлиганец отворија градинка близу Златибор

пред 3 години

Фондациите „Новак Ѓоковиќ“ и „проф. д-р Ванчо Чифлиганец“, заедно со Адора Бизнис Групацијата, во заедничка хумана мисија отворија нова градинка во село Љубиш, во близина на Златибор, Србија, и покажаа дека хуманоста нема граници.

Се работи за нова градинка во рурална средина во општина Чајетина во Србија, која е дел од проектот на Фондацијата Новак Ѓоковиќ. Целта е развој на селото за да не се отселуваат луѓето од помалите места. Градинката во селото Љубиш, кое се наоѓа на само неколку километри од Златибор е 46-та по ред новоотворена градинка чија цел е да им се обезбеди на децата од предучилишна возраст од помалку развиените средини да можат да учат и да играат во безбедна и креативна средина.

„Една детска насмевка вреди повеќе од сè на светот“, истакнува Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата, потенцирајќи дека е огромна чест да се соработува со Фондација од глобален ранг и со семејството Ѓоковиќ, а среќата и задоволството што се овозможува подобро образование во најраната возраст, чиj квалитет е клучен за подобро утре, се неизмерни.

Со соработката со Фондацијата Новак Ѓоковиќ, Адора Бизнис Групацијата и Фондацијата проф.д-р Ванчо Чифлиганец ја продолжуваат општествено корпоративната традиција секогаш да враќаат нешто назад во средините во кои имаат деловни активности.

Share
Scroll to Top