Александар Јосифовски вечерва ќе пее во финалето на „Ѕвездите на Гранд“. Тој во полуфиналето што се одржа вчеравечер го крена жирито на нозе и доби шест гласа, исто колку и неговиот противкандидат, но на крајот доби глас и од Саша Поповиќ и влезе директно во финалето. Откако дозна дека Александар оди понатаму, неговиот ментор, Ѓорѓе Давид почна да плаче.
„Александар знае колку се борев за него цела оваа година. Лани пиеше многу, не знаеше кога е ден, кога е ноќ, не знаеше кај се наоѓа. Му кажав дека ако сака да пее пак во Гранд мора да земе блокатори и да престане да пие. Ме послуша, се бориме заедно, и јас сум пресреќен што оди во финалето“, рече низ солзи Давид.
Александар е еден од двајцата македонски кандидати што ќе пеат во финалето на регионалното музичко шоу. Освен него, во финалето влезе и Андријана Петрушовска, која, исто така, е кандидат на Ѓорѓе Давид.
Настапот на Александар почнува на 2:25:03