(Видео) Јокиќ и покрај извинувањето доби суспензија по нападот врз Морис

(Видео) Јокиќ и покрај извинувањето доби суспензија по нападот врз Морис

пред 3 години

Српскиот НБА кошаркар Никола Јокиќ доби суспензија од неиграње на еден натпревар, по физичкиот напад над кошаркарот на Мајами Хит Маркиф Морис. Јокиќ рече дека тоа бил глуп потег и дека жали за неспортското однесување. Тој сега ќе го пропушти мечот со Индијана Пејсерс.

За потсетување, Јокиќ го кутна на паркетот Морис од зад грб, откако прво неспортски беше фаулиран. Овој негов потег предизвика мешаница на теренот, по што и двајцата заработија исклучување.

По инцидентот казна заработи и еден од членовите на тимот од Флорида за неговото однесување. Тој ќе мора да плати 50.000 долари, а казнет беше и кошаркарот на Мајами Џими Батлер кој се обиде да се пресмета со Јокиќ. Тој ќе мора да плати 30.000 долари.

Share
Scroll to Top