(Видео) Јутубер помина 50 часа закопан жив под земја

(Видео) Јутубер помина 50 часа закопан жив под земја

пред 3 години

Јутјуберот Џими Доналдсон познат како MrBeast, помина 50 часа закопан жив под земја во ковчег, а целото искуство го објави на својот јутјуб-канал. Во видеото тој откри што правел и како се чувствувал во специјализираниот ковчег.

Џими е познат по бројните предизвици што ги прави од забава, но овојпат фановите му напишаа дека претерал. Тој уринирал во пластични шишиња, а призна дека воопшто не се чувствувал пријатно.

„Сакам да се движам, но не можам. Грбот ме боли, почнувам да се чувствувам клаустрофобично, досадно ми е, мирисам прилично лошо“, рекол јутјуберот.

Откако излегол од ковчегот, тој се расплакал.

„Вака изгледа кога ќе ве закопаат жив. Толку сум среќен што излегувам надвор, плачам од среќа. Ова беше глупаво“, признал тој додека го откопувале пријателите.

 

Share
Scroll to Top