(Видео) Јутјубер влегол на озлогласениот остров на Епстин, сега вели дека го следат

(Видео) Јутјубер влегол на озлогласениот остров на Епстин, сега вели дека го следат

пред 2 часа

Јутјуберот Нико Григ бил принуден да објави јавно извинување откако, како што тврди, почнал да добива закани.

Тој се обидел да влезе на озлогласениот остров на финансиерот Џефри Епстин – Little Saint James, кој се наоѓа на Американските Девствени Острови и за кој се верува дека бил место на бројни нелегални активности. Островот е познат и како „Остров на гревот“ или „Педофилски остров“.

Видеото било објавено на каналот на Григ во јануари, непосредно пред американското Министерство за правда да ја објави најновата серија документи поврзани со Епстин. Иако во тие документи се појавуваат имиња на бројни познати личности, тоа не го спречило инфлуенсерот да се обиде да стигне до островот.

Григ отпатувал на Американските Девствени Острови и, по неколку неуспешни обиди, заедно со пријатели на последниот ден од престојот направил конечен обид да влезе.

Во видеото, објавено на Јутјуб на 30 јануари, Григ открил дека на островот и понатаму има луѓе. Тој објаснил дека, години по самоубиството на Епстин додека чекал судење под обвиненија за трговија со луѓе за сексуална експлоатација, островот бил продаден на милијардерот Стивен Декоф.

@notnicogrigg♬ Mysterious and sad BGM(1120058) – S and N

Декоф ги купил островите Little Saint James за 60 милиони долари преку својата компанија SD Investments, иако првичната цена изнесувала 125 милиони долари. Бизнисменот најавил дека планира островот да го претвори во одморалиште исклучиво за возрасни.

Григ успеал да пристигне до брегот, а во видеото, кое досега собрало повеќе од 3,1 милион прегледи, навел дека од плажата можел да види градежни работи. Тој исто така тврдел дека, додека возел џет-ски околу островот, видел луѓе во голф-возила како го снимаат.

Сепак, Григ не можел слободно да се движи по островот и успеал да стигне само до плажата.

На ТикТок објавил дека го следат црни теренци од марката „Ескаладе“, кои, како што рече, секојдневно стојат пред неговата куќа.

@notnicogrigg♬ Piano famous song Chopin Deep deep clear beauty – RYOpianoforte

Во видеото тој им се извинил на сите кои можеби ги навредил со својот потфат.

„Колку што јас знам, ова би можеле да бидат пријатели на Џефри Епстин. Ако сум налутил некого, ми е жал и сакам сето ова да заврши“, порача Григ.

Островот бил претресуван од ФБИ по смртта на Епстин, осуден педофил, сериски силувач и лице одговорно за трговија со луѓе. Досега се објавени повеќе од три милиони документи, познати како „досието на Епстин“.

Share
Scroll to Top