Македонскиот бенд „Љубојна“ и продуцентот Дулелуд го промовираат нивниот прв заеднички проект, песната „Пустелија“. Оваа песна е комбинација од етно вокалот на Вера и електронскиот звук на Дулелуд.
„Кога две различни музички движења ќе ги спојат своите сили, резултатот е ремек дело. Со македонскиот мелос, кој го изведува ‘Љубојна’ во своите песни, успеав да се осознаам на поразличен начин и да создадам сингл според вибрацијата на моето срце“, вели Дулелуд.
Тој додава дека на соработката со „Љубојна“ се фокусирал долго време.
„Огромна чест ми е што го направив првиот чекор со познатиот етно бенд“.
За песната е снимен и спот кој комплетно го реализира Виктор Стоимиров. Видеото се снимаше на Силвер лејк сенд дјунс во Мичиген, САД.
Синглот „Пустелија“ беше премиерно пуштен летово на островот Миконос, во елитниот клуб „Скорпиос“.