Таткото на Меган Маркл, Томас, повторно се огласи по раѓањето на неговата внука Лилибет и рече дека би сакал да разговара со неговата ќерка, со која веќе подолго време не е во добри односи.
Тој гостуваше во емисијата „60 минути“ и во еден момент почна да ја моли Меган за прошка.
„Ќе бидам разочаран ако не добијам можност да ја држам во прегратка мојата внука“, рече тој.
Томас го нема запознаено ниту неговиот внук Арчи, а кралскиот биограф Роберт Џонсон рече дека не е за очекување дека наскоро ќе ги види. Томас во интервјуто рече дека е загрижен што нивниот сјаен однос кој го имале со Меган пукнал.
„Погрешив и се извинив стотина пати за тоа. Сепак би разбрал да имам направено нешто грозно, но, не сум направил такво нешто“, рече Томас.
Односот меѓу Томас и Меган се наруши откако тој призна на медиумите дека ги продал своите фотографии во пресрет на нејзината венчавка со Хари во 2018 година.
„Тоа беше пред 2 години, но, оттогаш се обидувам да се искупам за тоа. Сега сум оддалечен само 100 километри. Никогаш не престанав да ја сакам. Не се согласувам со сите работи кои моите деца ги прават, но, секогаш ќе ги сакам. И сигурно ќе ја сакам Меган“, рече Томас.