(Видео) Џенан Лончаревиќ го препеа хитот на ДНК, „Ако утре ме нема“

(Видео) Џенан Лончаревиќ го препеа хитот на ДНК, „Ако утре ме нема“

пред 2 години

Пејачот Џенан Лончаревиќ на српски го препеа хитот на ДНК и Џамбо Агушев, „Ако утре ме нема“. Песната до Џенан стигнала преку нивниот заеднички колега и пријател, Сергеј Ќетковиќ.

dobivaj vesti na viber

„Сергеј беше воодушевен од песната, ми ја пушти да ја слушнам и веќе немаше простор за дискусија зашто знаев дека морам да ја снимам. Веднаш стапив во контакт со Панчо и за кратко бев кај Лазар Цветкоски во студио. Добивме одличен финален производ за кој добивам само позитивни реакции. Им благодарам и на Панчо и на Андреј што несебично ме поддржаа во желбата да снимам своја верзија на „Ако утре ме нема“, вели Лончаревиќ.

Музиката за песната е на Панчо и Лазар, препевот на српската верзија го направи Ќетковиќ, а Џенан ја сними во студиото на Цветковски во Тетово.

Share
Scroll to Top