(Видео) „Џенерал моторс“ го претстави својот летечки кадилак

(Видео) „Џенерал моторс“ го претстави својот летечки кадилак

пред 3 години

„Џенерал моторс“ го претстави својот футуристички летечки кадилак, возило кое може да се движи без возач и кое полетува и се спушта, возејќи патници преку воздушна линија.

Извршниот директор на компанијата, го опиша новиот кадилак како концепт на личниот превоз во иднината. Овој кадилак, кој е наменет за еден патник, кој може да полетува и слетува и да се движи вертикално, може да патува со брзина до 55 милји на час.

Тој е целосно автономен, електричен, со мотор од 90 KW, батерија и ултра лесно куќиште. Летечкиот кадилак е претставен во видео како дел од виртуелната воведна презентација на извршната директорка Мери Бера, заедно со уште едно возило, семеен електричен кадилак шатл.

Бера минатата година откри дека произведувачот на автомобили ги истражува алтернативните начини на превоз, како што се воздушните такси возила.

Концептот на летечкото возило го претстави и шефот на делот за дизајн на „Џенерал моторс“, Мајк Сајмкоу, кој новото возило го опиша како кадилак за урбана воздушна мобилност, кое е клучно за визијата на компанијата во иднина.

Автономниот шатл, за кој се наведува дека наскоро ќе го има и на пазарот, ќе има и предни и задни клизачки врати и панорамски стаклен кров. Кабината има удобно седиште и опремена е со биометриски сензори, а има и систем на гласовна контрола и препознавање со движење на раце.

Од компанијата одбиле да откриваат повеќе детали за ова возило. Покрај „Џенерал Моторс“, и „Тојота“ и „Хундаи“, претходно ги претставија своите концепти на воздушни возила, како дел од нивното идно делување на пазарот.

 

Share
Scroll to Top