(Видео) Џенифер Гарнер тагува по авионските летови и тесните фармерки

(Видео) Џенифер Гарнер тагува по авионските летови и тесните фармерки

пред 3 години

Глумицата Џенифер Гарнер објави видео и покажа колку ѝ недостига животот пред пандемијата, честите патувања, па дури и неудобните фармерки што морала да ги носи на еден авионски лет.

Инспирирана од сѐ тоа, таа на Инстаграм и Фејсбук објави неколку споени видеоснимки од тоа како се справува со тесните фармерки со коментар: „Патувања: Бог да ги прости (или: Тесни фармерки: Збогум засекогаш)“.

Меѓу оние кои ѝ изразија сочувство за загубата и се надоврзаа на шегата на Гарнер, беа и актерките Дајан Китон и Ерин Фостер, но и други познати личности.

Share
Scroll to Top