(Видео) Џими Кимел за победата на Трамп: Повеќе од половина земја гласаше за криминалец

(Видео) Џими Кимел за победата на Трамп: Повеќе од половина земја гласаше за криминалец

пред 18 часа

Водителот Џими Кимел ја коментираше победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, а за време на говорот многумина ги забележаа неговите насолзени очи. Тој истакна дека тоа е „страшна ноќ“ и дека Американците „избрале криминалец“ за претседател.

„Повеќе од половина од земјата гласаше за криминалец кој планира сам себе да се помилува за неговите злосторства“, рече тој во својата емисија.

Тој додаде дека тоа е „ужасна ноќ“ за жените, децата, стотиците илјади вредни имигранти кои ги покренуваат САД, како и за здравството, климата, науката, новинарството, правдата и слободата на говорот. Тој посочи дека особено се погодени сиромашните, средната класа, постарите кои зависат од здравственото осигурување, сојузниците во Украина, НАТО, вистината, демократијата и пристојноста.

„Ужасна ноќ за сите што гласаа против него, верувале или не, а за оние кои гласаа за него, едноставно сè уште не го сфаќаат тоа“, рече тој.

Share
Scroll to Top