Не верувајте во сè што ќе видите на интернет, рече сопругот на Бритни откако беше објавен нејзиниот документарец

(Видео) Џони Деп плачеше додека публиката му аплаудира 7 минути во Кан

пред 2 години

Актерот Џони Деп го совладаа емоции кога доби овации од публиката по премиерното прикажување на неговиот повратнички филм за кралот Луј Петнаесети на фестивалот во Кан. За првпат откако заврши судењето со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, Деп прошета на црвениот тепих пред воодушевените фанови. По прикажувањето на филмот, публиката го награди со аплауз во времетраење од седум минути.

Присутните станале и започнале да му ракоплескаат, а Деп едвај ги задржувал солзите, фаќајќи се за глава пред да ја прегрне режисерката на филмот, Маивен Ле Беско.

За потсетување, по судењето, кариерата на Џони Деп беше неизвесна, а неговиот повратнички филм предизвика бројни контроверзии. Деп во филмот го го игра  ликот на францускиот крал Луј XV кој се заљубува во проститутка.

Директорот на фестивалот Тјери Фремо ја бранеше својата контроверзна одлука да го отвори фестивалот со филмот на Деп, повикувајќи се на слободата на избор.

@amusingangelina @Johnny Depp so handsome #cannesfilmfestival2023 #odetojohnnydepp #johnnydepp #jeannedubarry #amusingangelina #fypシ ♬ original sound – amusingangelina💕

„Во својот живот имам само едно правило: тоа е слобода на мислење и слобода на говор, и делување во законски рамки. Доколку на Џони Деп му беше забрането да глуми во филмот или филмот да беше забранет, немаше да бидеме тука и да разговараме за тоа“, изјави Фремо.

„Ако постои една личност на овој свет која нема ни најмал интерес за неговото судење, тоа сум јас. Не знам за што се работи. Ме интересира Џони Деп само како актер“, додал тој.

Share
Scroll to Top