(Видео) 20 години од „Млади бунтовници“: актерите се потсетија на најубавите моменти од серијата

(Видео) 20 години од „Млади бунтовници“: актерите се потсетија на најубавите моменти од серијата

пред 2 години

Поминаа 20 години од популарната серија „Млади бунтовници“. Токму на овој јубилеј, видео со главните ѕвезди во телевизиското шоу ја пробудија носталгијата на љубителите на серијата. Во него, Луисана Лопилато (Миа Колучи), Фелипе Колумбо (Мануел Агире) и Бенхамин Рохас (Пабло Бустаманте) се потсетуваат на прекрасните моменти за време на снимањето на епизодите и создавањето на бендот „Erreway“. Недостасува само Камила Бордонаба, која ја глумеше Марица Пиа Спирито. Таа напиша писмо кое во нејзино име го читаше Фелипе.

dobivaj vesti na viber

Авантурите на младите бунтовници непрекинато ни го задржуваа вниманието пред малите екрани.

Луисана Лопилато сподели и фотографии на Инстаграм за да ја одбележи годишнината.

Можете ли да поверувате? Поминаа 20 години од ‘Rebelde Way’. Не можам да престанам да се присетувам на анегдоти и неверојатни моменти. Му благодарам на животот што бев дел од овој проект и тоа што работев со толку прекрасна група на луѓе“ – напиша таа во описот.

Продуцентката Крис Морена сподели видеа за секој од актерите во серијата.

Share
Scroll to Top