(Виедо) Наметнати правила за љубов во стравови: Тамара Стојковска со акустична верзија за новата песна

(Виедо) Наметнати правила за љубов во стравови: Тамара Стојковска со акустична верзија за новата песна

пред 3 години

Поп-пејачката Тамара Стојковска објави видеоспот за својата нова песна “Жедни”. Вчеравер пак ја објави акустичната верзија на својата песна “Жедни”, во која што на гитара ја придружуваше Марио Гогов. Видеото го изработи Кристијан Шемко, а снимано е во Џевахир Скај-Сити .

Песна „Жедни“ за која сама го напиша текстот, Тамара инспирацијата ја најде во љубовните двојки, кои, вели, живеат по наметнати правила, па затоа заглавуваат со луѓе и одлуки што не ги прават среќни.

„Луѓето веќе коментираат – тоа е реалноста и, за жал, токму од реалноста ја добив инспирацијата за текстот. Мислам дека сѐ повеќе луѓе живеат по тие наметнати правила и заглавуваат со одлуки и избори што не ги прават среќни. Некои од нив и точно знаат што навистина им треба, но не се храбри да се борат за сопствената среќа“, рече Тамара неодамна  за „Репортер“.

Share
Scroll to Top