Викенд хороскоп: Вагата се чувствува одлично, Ракот да се посвети на саканата личност

Викенд хороскоп: Вагата се чувствува одлично, Ракот да се посвети на саканата личност

пред 2 години

Овен
Повеќето од вас по којзнае кој пат се наоѓаат во состојба на заљубеност. Ќе бидете среќни и задоволни само под услов да расчистите некои работи кои подолго време ве вознемируваат. Ситуацијата ќе се кристализира кон средината на август.

Бик
Моментите на задоволство имаат и негативна страна. Не ни дозволуваат да напредуваме, така да инстинктивно се препуштаме на уживањата. Неконтролираноста во исхраната може да предизвика проблеми. Денот е поволен за занимавање со уметност.

Близнаци
Пред вас само ограничувања. Кој ви е виновен кога на се гледате песимистички. Партнерот го доживувате негативно, склони сте да ги видите само неговите негативни особини. За почеток купете розови очила, ставете насмевка и тргнете во акција.

Рак
Како и секој човек нормална работа е да се препуштите на некои ситни радости. Ќе ви биде од корист сè што е убаво и пријатно за да можете да се препуштите на уживања. Минете го денот со саканото лице.

Лав
Благодарение на поволните доживувања среќни сте и задоволни. Направете си го тоа на себе на својствен, гламурозен начин. Доколку сте осамени, компензацијата ќе ја најдете во слатките, кои на индиректен начин ќе го подобрат вашето расположение.

Девица
Бидејќи ситуацијата на емотивно поле се стивна, време е да преземете нешто конкретно. Партнерот ги изневери вашите очекувања, па сега се’ е залудно. Не бидете ситничави ако сакате да ја подобрите ситуацијата.

Вага
Се чувствувате фантастично, среќно и задоволно. Не размислувате за некои обични работи и животни проблеми туку се вртите кон љубовта, уметноста и слично. Сè што е добро има и лоша страна, затоа бидете и малку претпазливи.

Скорпија
За незадоволството кое го чувствувате барате конкретна причина. Иако мислите дека се виновни луѓето, работата и семејството – не сте во право. Размислете околу тоа и тргнете во нова насока.

Стрелец
Бидете реални кога се во прашање вашите можности и однесувајте се во согласност со нив. Само тага ќе ги избегнете проблемите од нервна природа. Сето останато се одвива на задоволителен начин. Ќе придобиете нечија наклонетост.

Јарец
Денешните активности бараат дополнителен напор доколку сакате да ги завршите по вашиот зацртан план. Дали сте спремни да се изборите со таквата ситуација? Помина времето кога можевте да се однесувате лежерно.

Водолија
Ќе исполните сè што сте зацртале. Бидете скромни и реални со вашите идеи, бидејќи златната средина е идеална. Доколку работите ги сфаќате премногу интензивно, можете да доживеете нервен слом. Најважно е да се постигне рамнотежа на духот и телото.

Риби
Бидејќи се евидентни препреките, за сè што ќе се фатите, ќе чувствувате потреба за осаменост. Не сакате останатите да ве видат нерасположени. Денес зададете си обврски кои ќе можете лесно да ги исполните.

Share
Scroll to Top