Овен
Исполнети сте со енергија и амбиција, кои слободно течат и ги инспирираат другите околу вас. Единствено важно е да го држите својот темперамент под контрола и да се препуштите на викендот. Транзитите овој викенд од вас бараат да се забавувате и релаксирате целосно.
Бик
Месечината е во вашиот знак и ја истакнува вашата самодоверба, додека пак нејзината конјункција со Марс може да ве донесе во искушение и да ве натера да се впуштите во ризици, но и конфликтно однесување. Ослободете се од потребата да бидете во право и препуштете се на креативноста. Секстилот меѓу Месечината и Сонцето во Лав ќе направи да уживате во семејството и домот во недела.
Близнаци
Месечината е во Бик во конјункција со Марс, што може да направи да се однесувате непромислено. Постојано сте во друштво, што е одлично, но ќе ви биде потребно малку време да ги средите мислите и да се приземјите. Можни се матни мисли и проблеми со фокусот овој викенд. Затоа, потпрете се на својата креативна страна и не се принудувајте да бидете со луѓе чие друштво не ви одговара.
Рак
Можно е да се чувствувате малку немирно и дефокусирано, но тоа се должи на конјункцијата меѓу Месечината во Бик и огнениот Марс. Вашите емоции ќе бидат променливи, што може да ви донесе и тешки мисли во одредени периоди. Избегнувајте да носите важни одлуки за време на овој викенд и оставете го тоа за следните денови. Секстилот меѓу Месечината и Јупитер како и оној меѓу Месечината и Венера ви носат креативност, но и ориентираност кон вашиот мир. До недела навечер, веќе повторно ќе бидете среќни, исполнети и задоволни бидејќи тогаш Месечината преминува во вашиот знак.
Лав
Месечината е во Бик во конјункција со Марс што ве исполнува со изобилство енергија и ја осветлува вашата десетта куќа на кариерата и успехот. Уживајте во својата амбиција, бидејќи она што ќе го чувствувате е здраво и корисно за вас. Комуникацијата ќе биде одлична благодарение на квадратот меѓу Месечината и Меркур, затоа немојте да минувате време дома и излезете меѓу луѓето. Генерално, ве очекува одличен викенд.
Девица
Работите би можеле да станат емотивно напнати бидејќи Месечината во Бик е во конјункција со променливиот Марс. Избегнувајте да бидете вовлечени во борба за моќ и поставете сопствен курс на делување. Искористете ја оваа енергија за да се насочите кон своите цели и соништа. Квадратот меѓу Месечината и вашата планета Меркур може да донесе мали предизвици во комуникацијата па затоа бидете внимателни што зборувате.
Вага
Конјункцијата на Месечината во Бик со Марс може да го зголеми вашето либидо додека минува низ вашата осма куќа на интимност. За жал, можно е да поминете низ емоционална напнатост за да го постигнете она што го сакате. Секстилот меѓу Месечината во Близнаци и вашата владејачка планета Венера која владее со вашата единаесетта куќа ве повикува да поминете квалитетно време со своите пријатели. Комуникацијата може да е тешка во недела, но вие ќе успеете да најдете решение за сè.
Шкорпија
Месечината во Бик се спојува со Марс во вашата седма куќа на партнерства и ве исполнува со убава енергија, но и мала емоционална нестабилност. Избегнувајте импулсивни одлуки, особено ако сте во искушение тоа да го направите со саканата личност. Крајот на викендот ви носи мир, но петок и сабота ќе морате да се чувате од неволји.
Стрелец
Работите би можеле да станат незгодни додека Месечината е во Бик и е во конјункција со агресивниот Марс, создавајќи емоционална нестабилност и зголемувајќи ја веројатноста дека ќе се соочите со предизвици. Подобро е да отстапите отколку да направите нешто за што подоцна би можеле да се каете. Секстилот меѓу вашата владејачка планета Јупитер и Месечината го осветлува вашиот романтичен сектор и го прави денешниот ден совршен за љубов. Месечината е исто така во квадрат со Нептун во вашата куќа на домот и семејството, така што можни се мали драми во домот, ако не сте внимателни.
Јарец
Романсата и страста би можеле да запрат и да донесат недоразбирања и бури во комуникацијата. Но, за среќа, секстилот со Јупитер во сабота ја враќа љубовта на површина и го осветлува вашиот дом. Во недела, добивате финансиска поддршка и самодоверба.
Водолија
За Водолиите работите би можеле да станат нестабилни особено додека Месечината е во Бик и во конјункција со Марс. Останете на своето место и не навлегувајте во дискусии ако некој лошо се однесува кон вас. за среќа, секстилот на Месечината и Јупитер брзо ја враќа хармонијата и ви носи мир во домот. Во сабота и недела, ѕвездите ви носат убава енергија, харизма и самодоверба.
Риби
Комуникацијата и врските се соочуват со мал предизвик во петок додека Месечината е во Бик и во конјункција со агресивниот Марс во вашата трета куќа. Кажете го она што го мислите, а потоа пуштете ги работите. Во сабота, секстилот на Месечината и Јупитер во вашата втора куќа ви носи финансиска можност или пак бонус. За жал, мали проблеми доаѓаат со квадратот меѓу Месечината и вашата планета Нептун кога можеби ќе се соочите со замаглена визија и намалена самодоверба. Не носете важни одлуки овие денови.