Викенд хороскоп за 26 и 27 декември: Убави вести за водолијата, вагата пред љубовен предизвик

Викенд хороскоп за 26 и 27 декември: Убави вести за водолијата, вагата пред љубовен предизвик

пред 3 години

Овен

Овој викенд опуштете се и уживајте. Интересните пријателства лесно ќе се претворат во нешто повеќе, а во сериозните врски ќе се разбуди нова привлечност. Ќе се почувствувате подготвени за сите предизвици кои ви ги носи животот, но не се откажувајте ниту од добрата забава.

Бик

На работното место ве очекува многу работа која многу ќе ве оптоварува дури и за време на викендот. Односите со соработниците не се за пофалба па можете да очекувате судири кои ќе ве фрустрираат. Ви се закануваат трајни непријатности. Бидете внимателни и тактични.

Близнаци

Овој викенд ќе имате главоболка од проблеми. Ќе бидете немирни ќе се чувствувате несигурно, а постои опасност да изгубите некои вредности во кои до сега сте уживале. Ви се закануваат судири кои нама да бидат безизлезни. Финансиската ситуација додатно ќе ја влошува вашата состојба.

Рак

Доколку правилно ги оцените нештата ова ќе биде мирен викенд за вас. Ќе имате доста енергија, па ќе бидете многу активни, но ќе треба да внимавате вашите активности правилно да ги насочите. Ќе бидете превртливи и непромислени.

Лав

Ако се занимавате со јавна работа, овој викенд ќе ви донесе неочекуван успех. Агресивната реторика и амбициозниот пристап полека ви ги отвораат вратите кон успехот. Целта ќе ја остварите, но внимавајте да ги зачувате нервите. Негативните емоции кои ќе ве обземат се резултат на преголемата амбиција.

Девица

Почнуваат да ви се случуваат работи и станувате горди сами на себе. Освен зголемената потреба да го смените надворешниот изглед и да блеснете, имате и потреба да се докажете во однос на работата. Егото ви се зголемува и самоувереноста расте.

Вага

Овој викенд ќе морате да ја покажете вашата сила во однос на одредени околности и не смеете да си дозволите слабост. Немојте да бидете пасивни, делувајте активно и само така ќе можете да ја пребродите моменталната криза. Во љубовните односи најважно е да разговарате со партнерот.

Скорпија

Имате разновидни интереси, но не можете да се одредите за најдоброто решение. Со желба за лично докажување ќе го направите тоа што другите не можат. Влијанието на амбициозната Вага ќе ве поттике да ја засените својата околина. Премногу емотивните искази ќе го провоцираат вашиот партнер.

Стрелец

Позитивните примери ќе ви послужат како мотивација во процесот на работење. Ќе пронајдете решение за некоја спорна ситуација. Нема потреба да донесувате некои избрзани одлуки. Подобрете ја вашата искреност, во последно време е претворена во нешто поинакво.

Јарец

Вашата интуиција и снаодливост нека ви послужи во идеите за нови проекти и шансите за заработка. Слободното време искористете го за вашиот партнер, кој едвај чека да ве види. Фокусирајте се на иднината и се ќе биде во ред, можни се и неколку нови пресврти на љубовен план.

Водолија

Среќен викенд исполнет со интересни нешта од приватниот и деловниот свет. Венера во астролошката куќа на големите пари, носи нови и многу подобри перспективи. Младата месечина им одговара на оние кои веќе се искусни во својата работа. Можни се поволни вести поврзани со парите.

Риби

Овој викенд е вашиот викенд на љубовта. Вашиот партнер ќе ви го направи овој викенд возбудлив и незаборавен. Својата среќа испробајте си ја во игрите на среќа, многу е веројатно дека ливчето ќе биде добитно. Не ги заборавајте обврските кои сте ги преземале.

Share
Scroll to Top