Викенд хороскоп за 3 и 4 декември: Ракот го очекува значајна средба, Вагите ќе ги завршат сите обврски

Викенд хороскоп за 3 и 4 декември: Ракот го очекува значајна средба, Вагите ќе ги завршат сите обврски

пред 3 години

ОВЕН

Може да очекувате парична награда или унапредување за трудот кој сте го покажале во претходниот период. Една личност се обидува да ви се приближи, но вие несвесно од неа се оддалечувате. Размислете која е причината, можеби не сте доволно заинтересирани. Се чувствувате добро.

БИК

Можеби денес сте соочени со мал пад на самодовербата. Не грижете се, нема долго да трае. Доколку сте во брак може да очекувате подобрување на односите со партнерот. Конечно ви се враќа оптимизмот. За секој случај посетете доктор поради контрола.

БЛИЗНАЦИ

Кризниот период на работа е зад вас и сега имате можност за одмор. Конечно сте растеретени. И вие и партнерот сте прилично нервозни, лесно се лутите и склони сте кон изливи на хистерија. Преку разговор обидете се да најдете компромис. Чувајте ги белите дробови.

РАК

Може да очекувате значајна средба со личност која може да има големо влијание врз вашата кариера. Потрудете се да оставите што подобар впечаток врз неа. Лесно го поттикнувате партнерот да се менува во склад со вашите очекувања и барања. Важно е да ги менувате лошите навики.

ЛАВ

Неопходно е да поработите на организацијата при трошење пари. Премногу бргу ги трошите. Имавте прилично бурен период на емотивно поле и сега е време за стабилизација. Потребна ви е поголема физичка активност. Престојот во природа ќе ви ги наполни батериите.

ДЕВИЦА

Може да очекувате помал паричен добиток и низа успеси на деловно поле. Постои шанса за хонорарна работа. Забележани сте од страна на многу луѓе, но вашето внимание е кон личноста која тоа не го заслужува. Можни се болки во пределот на грбот.

ВАГА

Одлучни сте да ги завршите обврските. Имате одличен тим на соработници кои ќе ви помогнат. Договорете се околу поделба на задачите. Ве очекува ново познанство кое може да биде многу значајно за вас. Можни се проблеми со синусите и дишните патишта.

ШКОРПИЈА

Премногу сте оптеретени со обврските. Сепак, сами баравте да бидете на моменталната позиција.Имате можност да започнете нова емотивна врска, но и понатаму се предомислувате околу тоа. Чувајте се од настинки.

СТРЕЛЕЦ

Мора да ја оправдате довербата која ви е дадена. Важно е да бидете доволно подготвени да ги докажете своите способности. Ви се допаѓа чувството на слобода, уживате во можноста малку да ги истражувате околностите во кои се наоѓате. Прилично тежок викенд за вас.

ЈАРЕЦ

Премногу се грижите и се оптеретувате со некои неважни ситници. На тој начин нема да остварите успех. Сконцентрирајте се на примарната ситауција. Се повлековте во себе и не дозволувате никој да ви се приближи во емотивна смисла. Пронајдете начин да се релаксирате.

ВОДОЛИЈА

Доколку бидете премногу брзоплети и непромислени со своите коментари, подоцна ќе се каете. Одлично сте расположени и подготвени позитивната енергија да ја пренесете на партнерот. Сакате да го изненадите. Ве мачи низок притисок.

РИБИ

Не се пронаоѓате во работата која моментално ја работите. Сериозно размислувате за промена на професијата. Размислете за предлозите кои ги има вашиот партнер. Овој пат треба да ги послушате неговите совети. Обратете внимание на вашите соништа и интуиција.

Share
Scroll to Top