Викторија Бекам ќе се обедини со „Спајс грлс“ за 30. годишнината на групата

Викторија Бекам ќе се обедини со „Спајс грлс“ за 30. годишнината на групата

пред 10 месеци

Викторија Бекам, наводно, повторно ќе им се придружи на „Спајс грлс“ на турнеја што ќе ја одбележи 30-годишнината, а поп-групата дури и размислува за настап на фестивалот во Гластонбери. Модната дизајнерка (49) одби да настапува со Ема Бантон, Гери Хорнер, Мелани Си и Мел Би на нивната турнеја во 2019 година, но сега медиумите пишуваат дека  таа почнала да дава идеи за нивната прослава во 2024 година.

Плановите за обележување на годишнината на квинтетот вклучуваат главен настап на Гластонбери и еднократен документарен филм со досега необјавени снимки, но нема да се вратат во студио за снимање.

Извор изјави за весникот „Сан“: „Во изминатите неколку години ‘Спајс грлс’ работеа како четворка, односно квартет, но за прв пат по долго време, Викторија сега влегува и е среќна што може да прослави 30 години женска моќ.“

„Нивните распореди се прилично натрпани, така што навистина е тешко да ги соберете сите во една просторија во кое било време. Но, во изминатите шест месеци имало повеќе контакти како петорка отколку кога било од Олимписките игри во 2012 година.“

„Викторија ќе наполни 50 години следната година, а женскиот бенд ќе наполни 30, ова се две годишнини премногу добри за да се пропуштат,“ додава изворот.

„Нема да има нова музика, а Викторија е категорична дека не сака да настапува во живо освен за неверојатно возбудлива еднократна можност.“

„Групата беше во преговори за настап на Гластонбери и, ова би било во склад со ‘кул’ естетиката на Викторија. Тоа секако ќе му се допадне на сопругот Дејвид и нивните четири деца.“ „Спајсиците разговараа за документарен филм кој ќе содржи досега невидени снимки од зад сцената, плус денешни интервјуа. Сите пет се подготвуваат да одбележат 30 години на ист начин и иста форма. Многу е возбудливо.“

Share
Scroll to Top