Вилијам и Кејт криеле од Џорџ дека еден ден ќе стане крал

Вилијам и Кејт криеле од Џорџ дека еден ден ќе стане крал

пред 3 години

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, криеле од нивниот прв син, принцот Џорџ, дека тој еден ден ќе стане крал. Кралската двојка не му ја кажале вистината, затоа што сакале тој да има колку е можно повеќе нормално детство.

Тие не сакале нивниот син уште од мал да се носи со притисокот на јавноста и одговорноста која оди со титулата. Прицот Џорџ е третиот по ред за круната, по неговиот 71 годишен дедо Чарлс и 38 годишниот принц Вилијам.

Кралската авторка Кетрин Мајер, за Е News објасни дека Кејт и Вилијам го одложиле моментот во кој сакаат да му кажат каква иднина го очекува Џорџ, затоа што сакаат да му подарат колку е можно понормално растење и неоптеретено детство.

Кетрин објаснува дека на Џорџ, кој оваа година го прослави седмиот роденден, полека му станува јасно дека е дел од јавниот живот. Гледајќи ги неговите родители и членови од кралското семејство, тој постепено разбира дека не е обично момче како неговите врсници.

 

 

Share
Scroll to Top