Вилијам ја нападнал Меган затоа што ја навредила Кејт Мидлтон, откри Хари во мемоарите

Вилијам ја нападнал Меган затоа што ја навредила Кејт Мидлтон, откри Хари во мемоарите

пред 2 години

Војводата од Сасекс Хари, во своите мемоари кои се објавени во Шпанија, откри голем број непознати детали од животот на британското кралско семејство. По серијалот на „Нетфликс“, во неговата автобиографија откри како принцот Вилијам, прво го нападнал него, а потоа и Меган Маркл.

Станува збор за посетата во домот на принцот Вилијам и Кејт Милдтон во 2018 година, кога Хари и Меган сакале да ги изладат односите. Хари рече дека средбата која требало да заврши со пиење на чај и бисквити и да ги реши проблемите, создала уште поголем конфликт меѓу нив.

Ситуацијата се влошила кога Меган се обидела да ги искористи врските на Кејт во модната индустрија, иако и самата таа веќе имала своја. На крај ѝ рекла дека има бебешки мозок поради хормоните, алудирајќи на бременоста на Мидлтон.

„Кејт ѝ замери затоа што не се доволно блиски за да ѝ се обраќа така, а Меган и објасни дека така се однесува со сите нејзини пријатели“, објасни Хари и рече дека тогаш Вилијам ѝ го вперил прстот па и порачал дека таквите работи не се прават тука, а Меган му врати да ѝ го тргне прстот од пред лице.

Бранејќи ја Меган Хари напиша: Мег рече дека никогаш не направила нешто за намерно да ја навреди Кејт. А ако дошло до такво нешто, ја замоли тоа да ѝ го каже за да во иднина не ѝ се повтори. Хари објасни дека тогаш го прекинале разговорот и си заминале за да не ги влошат работите.

 

Share
Scroll to Top