Вил Смит му се извини на Крис Рок за шамарот што му го удри на Оскарите

Вил Смит му се извини на Крис Рок за шамарот што му го удри на Оскарите

пред 2 години

Актерот Вил Смит јавно му се извини на Крис Рок откако пред два дена му удри шлаканица на доделувањето на Оскарите. Тој во пораката до комичарот вели дека претерал и реагирал бурно, а насилството не е прифатливо. Ова дојде откако освои Оскар, а во говорот ѝ се извини на Академијата на инцидентот, но не и на Рок.

„Насилството во која било форма е отровно и деструктивно. Моето однесување на доделувањето на наградите беше неприфатливо и неоправдано. Шегите на моја сметка мене се дел од мојата работа, но шегите за болеста на мојата сопруга се премногу и јас реагирав емотивно. Крис, сакам јавно да ти се извинам. Претерав и згрешив. Се срамам и моите постапки не се во склад со човекот што сакам да бидам. Нема место за насилство во светот на љубовта и добрината. Длабоко жалам што моето однесување го оцрни нашето, инаку прекрасно, заедничко патување. Работам на себе“, напиша Смит на Инстаграм.

Инцидентот се случи откако Рок се пошегува за избричената глава на Џејда Пинкет-Смит, сопругата на Вил, која се бори со алопеција, болест поради која ѝ опаѓа косата. Вил се качи на сцената, му удри шамар на Крис и се врати на своето место во публиката, а од таму извикуваше „Не го изговарај името на жена ми“. Американската филмска академија сега размислува дали да му го одземе Оскарот.

(Видео) Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок на сцената на „Оскарите“, па го засени триумфот на „Кода“

Share
Scroll to Top