Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

пред 5 часа

Охрид, од 25 до 27 јуни, повторно ќе биде центар на виното и музиката. На Кеј Македонија, пред хотел „Палас“, ќе се одржи Ohrid Wine Festival 2026, каде посетителите ќе уживаат во македонски вина и настапи на „Меморија“, Дани Димитровска, „Суперхикс“, Битолски камерен оркестар и други изведувачи.

Меѓу винарите кои ќе бидат дел од фестивалот е и Винарија Душа, со свој штанд кој нуди дегустации на белите вина Ведрина и Темјаника. Ведрина е свежо, суво бело cuvée, а Темјаника ароматично бело вино со интензивен мирис и карактер.

Посетителите кои ќе купат две шишиња од Винарија Душа ќе добијат премиум чаша на подарок, а на штандот ќе ги очекува и тркало на среќата со награди, попусти и други промоции. Со добро вино и силна музичка програма, Ohrid Wine Festival 2026 ветува незаборавни вечери покрај езерото

Share
Scroll to Top