Ако сакате стомакот да ви биде помал, а половината потенка, три дена јадете салата од зелка, цвекло и морков, зачинета со сок од лимон и маслиново масло. Нутриционистите велат дека редовното консумирање салата ќе ви го исчисти телото од наслаги и масти, а вашиот стомак ќе стане рамен.
Изрендајте ги зелката, цвеклото и морковот во размер 3:1:1. Додајте малку зачин по ваша желба (магдонос, целер), па измешајте го зеленчукот. Исцедете ја течноста, па зачинете ја со сок од еден лимон и додајте неколку капки маслиново масло. Во салатата не смеете да додавате сол.
Јадете ја салатата секоја вечер, барем три часа пред спиење, минимум три дена, за да ги забележите првите резултати.
Салатата се препорачува оти содржи витамини, минерали, влакна кои ќе ви дадат енергија, ќе го подобрат варењето на храната и ќе ги регулираат проблемите со цревата и варењето.