Не ви се потребни скапи креми за да ги омекнете брчките и со тоа да ја скриете возраста. Доволно е да направите оваа фризура.
Локни и брановидни прамени
Генерално, по 50-тата година, брановидните прамени се препорачуваат како примарен избор на фризура, бидејќи правата коса го нагласува лошиот квалитет на косата. Косата со текот на времето слабее и опаѓа, а правата фризура дополнително ќе ги нагласи местата каде што можеби почнала да опаѓа косата. Поради оваа причина се препорачува брановидна фризура која дава илузија на густа и здрава коса.