Вицепремиерот Артан Груби ја миеше чаршијата за Рамазан Бајрам кажаа од Комунална хигиена

Вицепремиерот Артан Груби ја миеше чаршијата за Рамазан Бајрам кажаа од Комунална хигиена

пред 3 години

Вицепремиерот и министер во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, синоќа, се фати за цревото, за да им помогне на  работниците на „Комунална хигиена“  во чаршијата откако направи увид како се чисти. Сето ова се случуваше на еден час пред полноќ, плус Груби си правеше и пренос во живо на социјалните мрежи.

Додека Груби прскаше околу џамијата во чаршија, го следеа неколку фотографи и цел ПР тим. Работниците на „Комунална хигиена”, му го влечеа цревото зад него. По цела една минута влечење и прскање Груби им го врати цревото на комуналните работници, а ПР тимот го исклучи преносот во живо.

Инаку, „Комунална хигиена“ во пресрет на празникот Рамазан бајрам, врши миење односно чиестење на површините околу поголемите верски објекти во делови на Скопје, како што се Старата чаршија, Чаир, Сарај.

Share
Scroll to Top