Влатко Стефановски донираше музички материјали на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Влатко Стефановски донираше музички материјали на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

пред 1 година

Легендарниот гитарист Влатко Стефановски, донираше дел од својата приватна колекција на плочи, музички списанија и книги на Музичката академија при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Тој се појави на на Свечената академија по повод 16 години УГД, каде прими признание за соработката која ја има со Универзитетот и тоа беше проследено со овации од присутните.

„Пред неколку години, едно од најреномираните имиња на македонската музичка сцена, со кариера која ги надминува границите и на некогашната заедничка држава, имаше и настап и мастер клас на УГД , заедно со Мирослав Тадиќ“, објави порталот Гоце.мк.

Како што изјави за локалните медиуми, Стефановски за Штип го врзуваат многу спомени. Меѓу другото тој во Штип служел војска, стекнал многу пријатели, повеќето поврзани со музиката, а во моментот и неговиот син, Јан е дел од Музичката академија на УГД.

“Со УГД се зближив преку Тони Китановски, а овој универзитет ме предложи за државната награда „11 Октомври“ и јас тоа не можам да го заборавам“, рече Влатко Стефановски. Тој верува дека и во иднина ќе има прилика за поголема соработката со универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Share
Scroll to Top