ВЛЕН: Вистинскиот патриотизам се мери со резултати – над 300 реализирани проекти за граѓаните

ВЛЕН: Вистинскиот патриотизам се мери со резултати – над 300 реализирани проекти за граѓаните

пред 5 часа

ВЛЕН информира дека во изминатата недела се реализирани значајни чекори во повеќе области, меѓу кои над 300 инфраструктурни проекти во водоснабдување, канализација и заштита на животната средина, автопатот Скопје–Блаце и намалувањето на чекањата на граничниот премин со Косово.

Од ВЛЕН посочуваат дека преку работата започната во Министерството за животна средина и просторно планирање од страна на Изет Меџити и продолжена од Мухамет Хоџа, обезбедени се средства и започната е реализација на над 300 проекти низ целата држава.

„Станува збор за водоводи, канализациони системи, пречистителни станици и инвестиции кои директно го подобруваат животот на стотици илјади граѓани“, велат од ВЛЕН.

Од партијата додаваат дека паралелно се воспоставува регионален систем за управување со отпад и се подготвуваат регионални центри, со цел решавање на долгогодишните проблеми со дивите депонии.

Во соопштението се наведува и дека автопатот Скопје–Блаце, кој според ВЛЕН со години бил само ветување, сега влегува во фаза на реализација со обезбедено финансирање од околу 200 милиони евра.

ВЛЕН потенцира дека системот „One Stop Shop“ на границата со Косово придонел за намалување на чекањата и зголемување на бројот на патници за 45 проценти, а најавуваат дека истиот модел ќе биде применет и на границата со Албанија.

„Патриотизмот се мери со работа. Не е важно кој колку зборува, туку кој решава проблеми и реализира проекти“, порачаа од ВЛЕН.

Share
Scroll to Top