Водич како да реагирате во случај на земјотрес

Водич како да реагирате во случај на земјотрес

пред 3 години

Регионот сочувствува со трагедијата која го погоди градот Петриње во Хрватска, во која има жртви и огромни материјални штети.

Веќе почнаа да се отвораат броеви за донации каде луѓето можат да донираат и да им помогнат за настраданите.

Балканот е познат по земјотресите, па овие совети никогаш не се на одмет, особено ако ги земем предвид земјотресите кои го погодија Скопје во 2016 и Охрид во 2017.

Еве што треба да направите во случај на земјотрес:

  • Останете мирни и присебни и не дозволувајте да ве обземе паника. Бидете свесни дека некои земјотреси се само почетни потреси и наскоро може да следат наредни уште појаки земјотреси.
  • Не паничете!
  • Не се обидувајте да бегате!
  • Спуштете се на под, склупчете се и заштитете си ја главата.
  • Како и во повеќето случаи (врзано за поголемите природни или други несреќи), потребно е сите домашни да знаат каде е главната склопка за струја, односно каде се главните вентили за плин и вода, и како се затвараат (вклучуваат).
  • По можност е потребно на дофат да имате веќе подготвени „прирачни“ средства (батерија, транзистор, торба за прва помош, итд.)

Доколку земјотресот ве стрефи додека сте во затворен простор:

  • Сочувајте ја присебноста и не паничете, паниката може да биде виновник за непромисленото однесување кое се очекува по првиот земјотрес.
  • Не се обидувајте да бегате, спуштете се на под и покријте ја главата со раце.
  • Доколку земјотресот ве затекне во пониските простории од станот или куќата – после првите потресувања излезете на слободен простор, оддалечувајќи се притоа од стеблата, уличните светилки, електричните кабли и останатите згради.
  • Доколку земјотресот ве затекне на повисоките катови, тргнете се покрај носечките ѕидови, под рамките од вратата, во внатрешниот дел од просторијата, под маса, додека со рацете заштитете ги очите.
  • Оддалечете се што е можно подалеку од стаклените простории, надворешните ѕидови или било што друго може да падне, никако не излегувајте на тераса или на балкон.
  • Доколку ситуацијата дозволува, исклучете ги сите извори на електрична енергија, плин и вода.

Доколку се наоѓате во автомобил:

  • Не застанувајте под подвозник, електрични кабли, и во тунели.
  • Застанете на отворен простор и останете во автомобилот.

Доколку сте на отворено:

  • Оддалечете се од сите можни објекти и предмети кои би можеле да ве загрозат (да паднат на вас).
  • Заштитете ја главата со раце или чанта.

Постапки доколку се најдете под рушевините:

  • Не палете кибрит
  • Покријте ја устата со марамче или ткаенина.
  • Обидете се на некој начин да го привлечете вниманието на спасувачите (удирајте со рацете од некој предмет, цевка итд.), но немојте гласно да викате поради големата прашина која се шири во таквите случаи.

Постапки по земјотресот:

  • Кога ќе престанат првите потреси, напуштете ја просторијата земајќи го со себе она најпотребните и подготвените работи (зградата прво ја напуштаат мајките со децата, постарите личности и инвалидите, па сите останати).
  • Не ја напуштајте просторијата (зградата) користејќи лифт. Употребувајте исклучиво скали (може да се расипат инсталациите, да се срушат лифтовите како последица на првиот и повторниот потрес, може да снема електрична енергија и сл.)
  • Исклучете ја електричната енергија на главната склопка и затворете го плинот и водата на главниот вентил.
  • Посветете се, доколку ситуацијата овозможува, помогнете им на настраданите, со тоа што не смеете да ги поместувате тешко повредените личности.
  • Пијте само флаширана вода и вода која стига како помош.
  • Понатамошните постапки правете ги според упатствата добиени по пат на средствата за јавно информирање.

Share
Scroll to Top