Времето кога светските лидери во поедини држави ги користеа возовите е одамна поминато. Речиси никој во Европа не користи претседателски воз за обиколка на земјата, па дури ни рускиот претседател Владимир Путин. Но, единствен кој е исклучок во целата оваа приказна е лидерот на Северна Кореја.
Ким Џонг ун и денес го користи исто како и неговиот татко и дедо, претседателскиот воз. Ова за лидерите на Северна Кореја е омилен вид на превоз. Тие не сакаат премногу да летаат. За сето ова се крие еден инцидент, тврдат некои од научниците во Јужна Кореја.
Тие пред пред неколку години објаснија дека во инцидентот кој се случил во 1982 година, учествувал Ким Ли Сунг и неговиот син Ким Џонг ил. Двајцата со сопствени очи виделе како се распаднал авионот Илјушин Ил-62 во воздух. Со тој авион тие теребале да летаат.
Споменатиот инцидент се случил на аеродромот Сунан за време на тестирањето. Овој авион Корејците го купиле тогаш од Советскиот Сојуз. Трагедијата се случила во моментот кога авионот одма по полетувањето ја достигнал висината, а брзо потоа експлодирал на големо изненадување на сите.
Во несреќата загинале 17 членови на екипажот, а меѓу нив бил и личниот пилот на Ким Ли Сунг.
Овој инцидент поттикна голем број претпоставки и шпекулации дека во прашање е можен атентат или саботажа, но тоа било доволно за таткото и синот за време на владеењето никогаш повеќе да не седнат во авион.
Од друга страна пак, нивниот син и внук Ким Џонг Ун, не се плаши да лета. Тој не само што сака да лета во Северна Кореја, туку и надвор од земјата. Младиот лидер кога се сретна со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во Сингапур, дојде со авион.
На средбата со рускиот и кинескиот претседател, Путин и Си Џинпинг, патуваше со воз, превозно средство кое сè повеќе го користи. Тој често се вози со возот од неговиот дедо и првиот претседател на земјата, Ким Ил Сунг, кој во тоа време патувал и до Виетнам и тогашна Источна Европа.
Повеќето луѓе веруваат дека Ким Јонг ун имал аерофобија, поттикната од авионската несреќа, која му се случила пред неговите очи. Неговиот син Ким Џонг ун исто така го користел возот за време на неговите ретки патувања во странство. Тој ја развил институцијата „претседателски воз“, во однос на татко му.
Што знаеме за претседателскиот воз на лидерот на Северна Кореја. Експертите велат, речиси ништо. За нив е непозната материја. Затоа рускиот блогер Александар Синтовски детално го опишал неговиот воз.
Сите материјали од кои е направен се тајни. Она што е видливо е дека возот има од 7 до 21 вагон, кој ги влече локомотива на дизел, која има способност да развие брзина до 80 километри на час на кинеските и 50 километри на час на севернокорејските шини.
Ким не поседува само еден, туку три воза. Во првиот се сите лица од обезбедувањето и неговата придружба и кои ја проверуваат трасата кон која се движи возот. Другиот воз е оној кој го користи Ким и оној кој доцни во период од 20 минути до еден час од првиот воз.
Во третиот воз се возат сите кои го следат лидерот и целата неопходна опрема која им е потребна за неговата безбедност.
Синтовски пишува дека 24 часа пред да тргнат возовите на Ким, се блокираат сите возови на шините. Патеката по која се движи лидерот мора да биде чиста. Што се однесува до внатрешноста на возот, во него нема само канцеларии, туку посебен кабинет опремен со фотелји, столови и мебел од кожа.
Вагонот има сателитска комуникација и постои и соба за караоке и вагон ресторан. Инаку, сите традиционални азиски стапчиња за јадење се направени од сребро.
Одма зад неговиот кабинет има и салон за прием. Она што е интересно е дека кујната се наоѓа во посебен вагон, а јадењето се сервира и се прегледува во третиот. Дури на крајот се носи во вагонот каде Ким руча. Во прашање се два вагони со ресторани. Одма зад локомотивата со сериски број 0002, се наоѓа вагон генератор, односно екеторстаница за снабдувањето на вагоните со струја. Последниот вагон, дванаесетиот е гаража и во него се наоѓа лимуѕината на Ким.
Инаку во возот се наоѓа и посебен тоалет направен исклучиво за Ким Џонг Ун и вагон гаража во кој е сместен блиндиран мерцедес „мајбах S-600 Гуард Лимуѕина“. Никој не знае како овој автомобил стигнал или е произведен во Северна Кореја, затоа што земјата долги години е под санкции.
Некои шпекулираат дека Ким има на располагање вкупно шест претседателски возови, односно два комплети и вкупно 90 луксузни блиндирани вагони.
За грижата за претседателот и гостите ангажирани се стјуардеси. Оваа единца позната како „Кипеумјо“, се состои од низа млади девојки кои мораат да бидат наводно невини, и чија единствена задача им е да ги задоволат сите желби на лидерите на DNRK, вклучително и сексуалните.
Официјално тие работат како стјуардеси во воз со широк спектар на должности.