Ворен Бафет на 91 година се приклучи во клубот на милијардери

Ворен Бафет на 91 година се приклучи во клубот на милијардери

пред 3 години

Ворен Бафет се приклучи во ексклузивниот клуб, „100 милијарди долари“, каде се и Илон Маск (Тесла), Џеф Безос „Амазон) и Бил Гејтс (Мајкрософт).

Деведесетогидшниот Бафет во август ќе наполни 91 година, е претседател на инвестиционата компанија Berkshire Hathaway, која оваа година забележала раст на акциите на рекордно ниво.

Во средата, нето вредноста на неговата компанија, за првпат ја надмина сумата од 100 милијарди долари. Се смета за најуспешен светски инвеститор. Милијарди од своето богатство ги има дадено за добротворни цели.

Иако со децении беше на врвот на оваа светска ранг-листа, неговото лично богатство, досега не ја надмина сумата од 100 милијарди долари. Една од причините заради тоа се неговите значителни добротворни донации од 2006 година, каде има даде повеќе од 37 милијарди долари за тие цели.

Бафет е коосновач на Giving Piedge, компанија за поттикнување на филантропија меѓу милијардерите. Мекензи Скот, поранешната сопруга на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, исто така минатата година има подарено повеќе од четири милијарди долари, за само четири месеци.

Петтиот член од ексклузивната екипа е Бернар Арно (LVMH) со семејството. Основачот на „Фејсбук“ Марк Цукенберг, испадна од ексклузивниот клуб, според листата на „Форбс“, што значи дека неговото богатство, во моментов вреди помалку од 100 милијарди долари.

Цената на акциите на компанијата на Бафет оваа година пораснаа за 15%, надминувајќи 400.000 американски долари по акција. Инвестиционата фирма во последните година дена, се мачела да најде работни места кои би го поттикнале нејзиниот раст со оглед на нејзината големина.

Компанијата со седиште во Омаха е главен акционер на „Епл“ и други технолошки акционери, чија вредност пораснала во 2020 година.

 

Share
Scroll to Top