Војин Ќетковиќ првпат проговори за ќерките: Славата е немилосрдна, ме плаши дека тоа ќе остави трага врз моите деца

Војин Ќетковиќ првпат проговори за ќерките: Славата е немилосрдна, ме плаши дека тоа ќе остави трага врз моите деца

пред 3 години

Актерите Војин Ќетковиќ и Слобода Миќаловиќ во јавноста ретко кога зборуваат за ќерките или, пак, објавуваат фотографии. Мила и Вера се девојки кои уживаат во своето детство, а нивните родители се обидуваат да им обезбедат здраво и убаво воспитување.

Популарната актерска двојка речиси две децении ужива во хармонична љубов и брак во кој добија близначки, Мила и Вера. Девојчињата сега имаат 11 години и уживаат во училишните денови, а секој слободен момент го поминуваат во викенд-куќата во Чортановци, каде што уживаат во природата и здравиот воздух.

За првпат Војин зборуваше за родителството, бракот со Слобода и за сите предизвици што животот ги стави пред нив и кои успешно ги надминаа.

„Секако дека ги ограничуваме во употребата на телефони, таблети. Но, бидејќи тоа е иднината и сегашниот живот, Слобода и јас не можеме да глумиме диносауруси и да им забраниме контакт со технологијата. Тоа е само нивен живот. Но, сепак, ние се обидуваме да го ограничимее користењето  компјутери и телефони барем во разумно време. Не е тешко да се користи технологијата, но тие дефинитивно знаат повеќе за тоа отколку јас. Она што е интересно, а она што моите ќерки го сфатија е дека им е полесно да ја разберат темата ‘Природа и општество’ ако ме слушаат додека шетаме во природа. Често шетаме во шума или излегуваме на река, одиме на море, нуркаме заедно. Ова го практикуваме уште од нивното раѓање. Двете сакаат сè што има врска со спортот, сакаат скијање и нуркање, сакаат да возат велосипед. Има многу активности што се надвор од домот, така што со тоа ги анимирам“, раскажува Ќетковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sloboda Micalovic (@sloboda_micalovic_boba)

Тој призна дека животот со Слобода е возбудлив, имајќи предвид дека и двајцата се јавни личности, дека се обидуваат да одржат мир и хармонија во семејството, но дека не им годат честите натписи и дека 24 часа се под будното око на јавноста.

“Тешко ни беше кога бевме помлади. Беше исклучително тешко кога штотуку почнувавме да се забавуваме или кога ги добивме децата. Сметам дека е одраз на ова површно време, во секоја смисла. Ние, од друга страна, како јавни личности, не сме заштитени со ништо. Кога ќе излезам на улица, јас сум јавна личност, вие можете да ми правите што сакате, а јас не можам ништо да ви направам. Нема што да ме заштити мене и моето семејство. Никој не се грижи дека нешто подоцна може да остави трага врз моите деца“ – изјави искрено популарниот актер за „Нова.рс“

Share
Scroll to Top