Бојан и Марија од Ај Кју деновиве уживаат на крстарење низ Италија и Франција. Парот ужива на јахта со неколку пријатели и во прошетките низ тесни сокаци и архитектурата на поморските градови.
Бојан објави фотографија на која со Марија позираат во костими за капење додека неговата рака е на задникот на Марија. Па нивна пријателка во коментар напишала: „Малку влече и на циклама и плус на втора фотка ја држиш другарка ми за задник. Реално ти се може“.
На што Бојан напишал: „Во добри раце е на другарка ти задникот“.
Инаку Ај Кју пред три недели ја објавија нивната најнова песна „До тебе“ за која направија и спот.