Зависниците од адреналин кои ќе имаат можност да го посетат Дубаи, отсега ќе можат да уживаат и во највисокиот рингишпил во светот што неодамна беше отворен.
Станува збор за вртелешка висока 140 метри која го надмина претходниот рекорд за само три метри, а му припаѓаше на рингишпилот „Орландо старфлајер“ во САД. Арапскиот е отворен минатата недела во Боливуд паркот во Дубаи.
„Боливуд скајфлајер“ беше направен од 421 тон челик, а изградбата траеше 600 дена. Самата инсталација траеше дополнителни 120 дена.
Паркот беше затворен неколку месеци поради пандемијата на коронавирусот, но беше отворен на 21 јануари со девет нови атракции, вклучувајќи го и највисокиот рингишпил.