(Во живо) Напад врз Ангела Меркел во Берлин

(Во живо) Напад врз Ангела Меркел во Берлин

пред 3 години

Утрово се случи инцидент среде Берлин, откако еден напаѓач со својот автомобил се обидел да се пробие и да влезе низ спуштената капија во зградата на Сојузната канцеларија во Берлин, пренесува српски Курир, повикувајќи се на германските локални медиуми.

Полицијата потврдила дека напаѓачот веднаш бил уапсен. Деталите од инцидентот сега за сега не се познати и е започната истрага. Полицијата го прегледала црниот автомобил, караван, на чии врати со бела боја било напишано „Стоп на глобалистичката политика“, пренесува „Мирор“.

На другата страна од возилото е напишана порака „Вие проклети убијци на деца и стари лица“.

Портпаролот на германската влада соопштил дека инцидентот се случил утринава околу 10 часот,  и дека во тој момент е направена помала материјална штета.

На местото на инцидентот се собраа десетина полицајци, но и противпожарно возило.

Меркел утринава требало да биде домаќин на видео конференција со германскиот државен премиер, со кого требало да разговара за продолжување на блокадите и понатамошните чекори кои треба да се превземат во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Како што пренесува „Билд“, веројатно станува збор за истиот автомобил, со истите напишани политички пораки, кои удри во капијата во канцеларијата во февруари 2014 година.

Во тоа време, на едната страна од „фолксфагенот“ караван, била напишана порака: „Нема повеќе убивање на луѓе со климатски промени“, а од друга страна „Никол, те сакам“.

Тогаш 48 годишниот возач, бил сослушан од полицијата по инцидентот, во кој никој не бил повреден.

Share
Scroll to Top