Во кревет сум со твојата жена, Пит Дејвидсон врати на провокациите на Кание Вест

Во кревет сум со твојата жена, Пит Дејвидсон врати на провокациите на Кание Вест

пред 2 години

Американскиот комичар и глумец Пит Дејвидсон му се закани на Кание Вест, по бројните напади и провокации кои ги трпеше во последниот период од американскиот рапер. Тој му порача дека е време да се смири и да прекине со навредите.

„Можеш ли те молам малку да одвоиш момент и да се смириш. Ким е буквално најдобрата мајка која некогаш сум ја запознал. Тоа што таа го прави за вашите деца е неверојатно, а ти си среќен што се дел од твојот живот. Доста ми е од тоа како се однесуваш кон нас. Нема веќе да молчам“, му порача Пит ѝ му одговори дека во моментов е во кревет со неговата бивша.

„Ова што му го правиш на твоето семејство е опасно и ќе остави тешки последици“, му рече Пит.

Разговорот заврши откако Дејвидсон му се закани ѝ му рече дека повеќе нема да толерира навреди кон него и Ким. Фановите кои ги следеа им порачаа дека се однесуваат како тинејџери и дека треба да престанат ако им е важна Ким.

За потсетување, кавгата започна кога Ким го остави Кание. Таа кратко потоа се заљуби во Дејвидсон, а раперот од љубомора постојано го напаѓаше. Тој сними и видео за песната Eazy во која го киднапира Пит, кој е направен од глина, го врзува, го закпува жив, а на крајот го пали жив.

Share
Scroll to Top