Во Либан утринава луѓето се разбудија во две временски зони, заради кавгата меѓу политичките и религиозните власти кога да се поместат часовници. Проблемот во Либана е кога да почне летното сметање на времето. Премиерот Маџиб Микати рече дека летното сметање на времето ќе почне на крајот на Рамазан следниот месец. Тој со ова ќе им овозможи на муслиманите во земјата да прекинат со постот еден час порано. Христијанските власти пак велат не попуштаат и велат дека летното сметање на времето почнува денеска, како што се случувало се досега.
Премиерот Микати, кој е муслиман, во четвртокот рече дека донел одлука да го одложи почетокот на летно сметање на времето до 20 април. Вели дека ова го направил ова за да си ја зголеми популарноста за време на Рамазан. На 22 март почна светиот месец во Исламот и ќе трае до 21 април. Ако не се промени сметањето на времето, муслиманите ќе можат да прекинат со постот околу 18 часот, место од 19 часот, бидејќи се стемнува порано.
Влијателната христијанска црква во Либан рече дека ќе ја игнорира одлуката на премиерот .