Во метеор паднат во Африка се откриени два минерали кои досега не се видени на Земјата

Во метеор паднат во Африка се откриени два минерали кои досега не се видени на Земјата

пред 1 година

Научниците открија минерали што досега не се видени на Земјата, додека анализираа големо вселенско парче карпа што падна во Сомалија. Две минерали се анализирани и класифицирани, а постои и трет кој моментално го разгледува Меѓународната минералошка асоцијација.

Планетарниот геолог Крис Херд од Универзитетот во Алберта во Канада го претстави откритието на овие минерали на минатиот месец на симпозиумот за истражување на вселената. Минералите се нарекуваат елаиит и елкинстантонит.

Засега не се знае точно кога метеорот се урнал на нашата планета, но месното население го нарекло „Ноќ“ и за него во фолклорот, песните и ората се зборувало пет до седум генерации. Се користел како наковална за острење ножеви. Експертите го пронајдоа во 2019 година кога бараа опал во областа. Тие забележале чудна карпа со јами, земале примероци и ги испратиле кај Херд на анализа и класификација. Херд набрзо утврдил дека тоа е всушност железен метеорит од семејството IAB и го нарекол Ел Али, по блискиот град.

Околу 350 метеорити припаѓаат на класификацијата IAB, а се карактеризираат, меѓу другото, и со претежно железо-никел состав со силикатни подмножества. Се смета дека тие се формирале кога железен астероид се стопил при удар со почвата. Со цел да се класифицира метеоритот, Херд и неговиот тим го анализирале неговиот хемиски состав и забележале дека некои од подмножествата имаат необична текстура, па Херд побарал помош од минералогот Ендрју Локок од Универзитетот во Алберта, кој набрзо утврдил дека во метеоритот има најмалку два досега непознати минерали.

Што се однесува до самиот метеор „Ноќ“, тој е отстранет од местото каде што лежел со генерации и однесен во главниот град на Сомалија, Могадишу. Таму е измерена, регистриран и потоа го презела сомалиската влада. Според Херд, веќе не се знае каде е, но тој претпоставува дека е во Кина, кај трговци со метеорити, кои најверојатно го исекле и ги продаваат парчињата на црниот пазар за висока сума.

 

Share
Scroll to Top