Во мини сукња со дечкото под рака, Сем Смит се прошета низ Њујорк

Во мини сукња со дечкото под рака, Сем Смит се прошета низ Њујорк

пред 10 месеци

Британскиот пејач Сем Смит неодамна ја шокираше јавноста со своите модни комбинации и настапи. Тој неодамна прошета по улиците на Њујорк со своето момче Кристијан Кауан, но целото внимание го привлече неговоиот стајлинг.

Сем бил облечен во бело тениско здолниште и бела кошула, а за време на прошетката неколку пати го подигнал здолништето за да ја покаже тетоважата на ногата.

Познатиот музичар на социјалните мрежи сподели како уживал во сладоледот таа вечер, а обожавателите му коментираат дека никогаш не изгледал подобро.

„Сем вака насмеан ми е омилен“, „Изгледаш многу убаво и среќно“, се дел од коментарите.

Инаку, Сем со години ја криеше својата сексуална ориентација, па во мај 2014 година призна дека е хомосексуалец. Пет години подоцна, тој одлучи да признае дека е небинарна личност и дека се чувствува и машко и женско, во зависност од моментот и често носи женска облека и накит.

Тој сака да ги изненадува своите следбеници со полуголи фотографии во минијатурни костими за капење или долна облека, а многумина со години ја осудуваат неговата одлука, со оглед на тоа што од почетокот на кариерата собра голем број обожаватели ширум светот.

„Уште кога бев мало момче, мало човечко суштество, не се чувствував удобно како маж. Некогаш ја покажувам својата машка, а некогаш женската страна, но некаде на средината на таа промена навистина почнав да се чувствувам многу депресивно и тажно. Не знам кој сум, каде сум, што правам и се чувствувам нејасно и неразбрано сам од себе. Сфатив дека тоа е затоа што не се вклопував никаде. Синоќа се дружев со мајка ми и ми рече нешто прекрасно. А тоа е што и олесна што јас и членовите на моето семејство имаме начин да го објаснам тоа сега, бидејќи тоа ме јаде цел живот. Мама виде како се мачев“, изјавил пејачот..

Откако откри дека е геј и дека се однесува како небинарна личност, пејачот е многу посреќен и поопуштен, а неговите концерти добија сосема поинаква атмосфера, а обожавателите секој пат ги изненадува со гола и провокативна облека на сцената.

Share
Scroll to Top