Во Перу се одржаа традиционални тепачки за Божик

Во Перу се одржаа традиционални тепачки за Божик

пред 2 години

Во Перу се одржаа традиционалните тепачки за Божик. Стотици жители на околината Чумбивилкас во Перу се собраа за физички да се пресметаат и ги решат меѓусебните судири пред да заврши годината.

Борбите имаат за цел да ги решат семејните, романтичните, па дури и имотните спорови, додека гледачите пеат, танцуваат и навиваат за нивните миленици. Борците традиционално се мажи, но годиниве сè повеќе учествуваат и жени. Дозволени се само клоци и тупаници. Борбата ќе заврши кога еден од бореците ќе почне да крвари, падне на земја или не може веќе да се брани.

Луѓе од околниот правосуден систем стојат на страна за секој случај за да помогнат во растурањето на борбите. Борбите традиционално се проследени јадење, пиење и поворка. Годинава се случија повеќе од 40 тепачки, од кои секоја траеше околу две минути.  На крај завршуваат со прегратка, насмевка и ракување.

 

 

Share
Scroll to Top