Во САД излекувана првата жена од ХИВ

Во САД излекувана првата жена од ХИВ

пред 3 години

Во САД е пријавен првиот случај на жена која е излечена од ХИВ. 64-годишната жена е пациентка со леукемија, која добила трансплантација на матични клетки од донор кој бил природно отпорен на вирусот што предизвикува СИДА, пишува „Еј-би-си“. Таа е третата личност во САД што се излечила од овој вирус. но е и првиот случај што вклучува употреба на клетки од папочната врвца. Се смета дека ова би можело да го направи лекувањето подостапно за повеќе луѓе.

Откако жената ги примила клетките за лекување на акутна миелоидна леукемија, рак кој започнува во коскената срцевина, таа е во ремисија и ослободена од вирусот 14 месеци, без потреба од анти-ХИВ третмани познати како антиретровирусна терапија.

Претходно се забележани два случаи кај мажи кои примиле возрасни матични клетки како дел од процедура за трансплантација на коскена срцевина.

„Ова е сега трет извештај за целосно лекување во оваа средина и прв за жена која живее со ХИВ“, рекла Шерон Левин, претседател на Меѓународното здружение за СИДА.

Случајот е дел од поголема студија направена во САД, предводена од Ивон Брисон од Универзитетот во Калифорнија и Дебора Персауд од Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор. Студијата следела 25 луѓе со ХИВ кои биле подложени на трансплантација на матични клетки земени од папочната врвца за лекување на рак и други сериозни здравствени состојби.

Научниците веруваат дека луѓето развиваат имунолошки систем кој е отпорен на ХИВ. Крвта што тече низ плацентата и папочната врвца има висока концентрација на матични клетки, а тоа е она што се добива со трансплантација на коскена срцевина, покажало истражувањето на Џонс Хопкинс.

Клетките се собираат откако ќе се роди бебето пред да се отстранат папочната врвца и плацентата, се вели во студијата. Ако мајката одлучи да донира крв од папочната врвца, матичните клетки се вадат веднаш по раѓањето на детето.

Професорот Левин вели дека трансплантацијата на коскена срцевина не е остварлива стратегија за излекување на повеќето луѓе кои живеат со ХИВ, но извештајот за терапијата со матични клетки од папочната врвца потврдува дека лекувањето на ХИВ е можно и дополнително ја зајакнува употребата на генска терапија како одржлива стратегија за ХИВ медицина.

Share
Scroll to Top